ЖКК Куманово со голема победа над МЗТ влезе во плеј-офот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на ЖКК Куманово викендов на домашен терен го совладаа составот на МЗТ Скопје со резултат 60:46 во Првата женска кошаркарска лига.

Loading...

Со оваа победа тимот на ЖКК Куманово – Гризли влегува во плеј оф завршницата на домашниот шампионат како третопласирана екипа, со што ќе има предност на домашен терен.

Од вкупно 21 натпревари во регуларниот дел од сезоната кумановки имаат 13 победи што ги остава на третата позиција зад Баскет кам и Вардар.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени поради напад на жена на булевар во Куманово