Вики Ловинг е една многу необична 60-годишна жена. Таа има 33 домашни миленици, помеѓи кои и оние кои можат да ја изедат – крокодили.
СОВЕТ: Како да ги отстраните дамките и непријатните мириси кои ги оставаат вашите миленици?
Loading...
Оваа Австралијанка живее во предградието на Мелбурн, а друштво и прават пет крокодили, неколку змии, гуштери, желки, птици и мачки, пишува „Дејли мејл“.
ЧУДНИ МИЛЕНИЦИ: Џиновски гуштер стана хит на интернет (видео)
Таа вдомува животни кои многумина други не би ги сакале или воопшто не би им се придружиле.
Ловинг вели дека не може да замисли живот без грижа за животните. Поради нив и се развела од мажите.
И на милениците им е топло: Преслатки реакции на кучиња кои се разладуваат (видео)
Понекогаш рано наутро има крокодили кои тропаат во дневата соба и бараат таа да ги нахрани.
– Ако се гладни во два или три наутро јас станувам за да ги нахранам, вели таа.
Можат ли милениците да го поправат човековото расположение? (видео)
Таа има двајца возрани слатководни крокодили Џовијан и Џони кои понекогаш сами влегуваат во нејзината спална соба.
Тие живеат во дневната соба, две младенчиња на крокодилот во купатилото, а големиот морски крокодил Џифи живее во дворот.
Семејство со „малку“ необични домашни миленици (видео)
Ловинг прима пензија, а голем дел од парите дава за грижа за животните.
Таа рекла дека нејзините миленици биле бездомни кога ги земала и дека ако ги пушти во дивината нема да преживат.
Она што за обичните луѓе би било ХОРОР, за него е забава: Се капе со анаконда (ВИДЕО)
– Многу луѓе земаат животни па им досадат и повеќе не сакаат да се грижат за нив. Кога ќе земам некое животно се грижам за него како за мало дете, рекла таа.
Како што додава со крокодилот Џони посебно е блиска па дури и се галат.
Уловил питон тежок 60 килограми, а долг пет метри (видео)
Сепак таа објаснила дека мора да биде внимателна со сите крокодили затоа што сепак имаат инстикти на диви животни.
За време на хранењето таа мора да внимава да не ги гледа во очи за да не ја сфатат како закана и решат да ја нападнат.
Loading...