Дваесетгодишник од липковско Слупчане заврши во кумановскиот затвор, откако полицијата утврдила дека го нема дома, иако требало да издржува куќен притвор.
Loading...
– На 25.03.2025 во 20.39 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(20) од село Слупчане, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, при извршена контрола во неговиот дом било утврдено дека не се придржува кон мерката куќен притвор.
– Тој бил приведен во полициска станица, од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и ќе биде пренесен во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на мерката, стои во соопштението.
Никола Ивановски