Жесток украински напад на Белгород. Најмалку пет убиени, 37 ранети (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пет лица загинаа во петокот вечерта при гранатирање на Белгород и Белгородската регија од Украина, јавуваат руските медиуми.

Loading...

Синоќа вооружените сили на Украина (ВСУ) ги гаѓаа Белгород и регионот со касетна муниција од повеќецевниот ракетен систем Вампир, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

 

 

Меѓу петте загинати има една жена и четворица мажи, кои од повредите починале на лице место пред да пристигне брзата помош.

Во болниците има 37 лица, меѓу кои седум деца. Едно дете е во тешка состојба и оперирано.

Двајца повредени возрасни се подготвуваат за транспорт во Москва.

Loading...

 

 

Оштетени куќи, автомобили, пожари…

Руската државна новинска агенција ТАСС ја преброи штетата.

Како што велат, во Белгород искршени се покриви и прозорци на две станбени згради, а на друга е оштетено стакло.

Евидентирани се штети и во два социјални и два стопански објекти.

 

Loading...

 

Девет автомобили биле погодени од шрапнели.

На периферијата на градот се запали сува трева и тој пожар е изгаснат.

Во селото Дубовоје, во областа Белгород, како резултат на напад на украинските вооружени сили, од директни удари биле оштетени 13 автомобили паркирани во близина на трговскиот центар, се запалиле две куќи, автомобил и гаража.

Во селото оштетени се и покриви, а искршени се прозорци на една станбена зграда и пет приватни станбени објекти.

Во селото Новосадов пожарникарите изгаснаа пожар на сува трева, јави ТАСС.