Минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани марихуана, масло од канабис, апарат за отстранување тетоважи, 3Д расветни тела, електромотори и сигнални сијалици за лизгачки врати, USB-кабли, облека, обувки, ташни, завеси, делови за возила, рачки за врати, инсектициди, хербициди, семиња, цигари и фалсификати.
Три електромотори и три сигнални сијалички за лизгачки врати, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени на задното седиште и позади предните седишта, се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.
Вкупно 49 женски ташни, откриени при контрола на словенечки автобус, што сообраќа на редовна линија Копер – Дебар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените ташни, сопственост на возачот, македонски државјанин, биле пронајдени во багажникот на автобусот. Истите привременобиле задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Loading...
Во третиот случај 25 килограми инсектицид во гранули, тип GALITION extra (25 пакувања), откриени при контрола на меѓународен патнички воз, што сообраќал на релација Белград – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Железничка станица Табановце. Непријавениот инсектицид, чиј сопственик е непознат, е пронајден во повеќе кеси, сокриени под седиштата на неколку купеа на возот.