Таа толку ја посакува страста што е во состојба да заборави на секој ризик.
На крајот често завршува да дава многу повеќе отколку што добива.
Таа не размислува однапред, но му се предава целосно на партнерот, затоа што се чувствува добро само кога сака длабоко и силно.
Таа е подготвена да даде се од себе за да може врската да работи, но ова често резултира во тоа таа да биде единствената вклучена во врската – таа планира, организира, реализира и го носи целиот емотивен товар на врската.
Со неа, на партнерот му е комфорно и удобно, но тоа го прави мрзлив и статичен, или му дава простор да биде прилично невнимателен и себичен – таа ќе го стори истото.
Овие жени често завршуваат сами или осамени во врска, прашувајќи се што не е во ред.
Но, колку што се страсни и посветени, тие се толку независни, полни со самопочитување и самодоверба, така што нема да страдаат долго.
Ќе ја прекине врската таму каде што не се на местото што го заслужуваат, иако тоа ќе им го скрши срцето.
Ова се жените родени во знакот на Овен.