Жените ќе бидат мнозинство во новата холандска влада

Сподели со своите пријатели

Кога пратеничката Мариел Пол од Народната партија за слобода и демократија (ВВД) ќе положи заклетва како министер за основно и средно образование, холандската влада за прв пат ќе има повеќе членови од женски пол.

Loading...

Ова ќе ја смести Холандија во мала група земји каде жените сочинуваат голем дел од владата, пишува „NL Times“.

„Секогаш постои ризик ваквата речиси еднаква распределба меѓу мажите и жените да не трае. Но, тоа сега не се случува“, вели Девика Партиман од организацијата „Гласајте за жена“.

Од групата „Women Inc“ велат дека одлуката да има повеќе женски членови во владата ќе има два ефекта.

„Прво, тие се пример за другите. Девојките и младите жени би можеле да мислат дека и тие би можеле да се справат со тоа. Второ, жените како членови на владата почесто носат одлуки кои промовираат родова еднаквост“, објави оваа група.

И покрај достигнувањата на ниво на централна влада, жените се уште се недоволно застапени на другите нивоа на холандската политика.

Околу 35 отсто од членовите на градскиот совет се жени, а по изборите за Покраински совет, тоа тело сега има најмал број женски заменици во последните 12 години, пренесува Танјуг.

Покраинските влади во Зеланд и Флеволанд се составени исклучиво од мажи.

Loading...

Според податоците на Обединетите нации, во просек помалку од една четвртина од владините министри ширум светот се жени.