По застојот на 437 бегалци од Сирија и Ирак кои четири дена беа на граничниот камен со Република Србија денеска попладне одлучија да се вратат и да бидат сместени во прифатниот центар Табанвоце, каде во моментот се одвиваат сите подготовки за нивно прифаќање, јавуваат волонтерите од кампот.
За таа цел за околу 200 лица кои се очекува да се вратат во Прифатниот центар ќе се монтираат четири шатори со големина 5х9 и со првото порамнување на земјиштето истите ќе се монтираат и жените и децата ќе се вратат во кампот.