Жена во своите седумдесетти години спиела покрај гнилиот труп на нејзиниот брат во куќа во богатото предградие Џилонг, југозападно од Мелбурн.
Просечната цена на куќа во населбата Њутаун моментално е 1,1 милион долари.
На 29 декември 2022 година, полицијата отишла да ја провери состојбата на нејзиниот брат, но кога пристигнала во куќата наишла на застрашувачка сцена – машки труп и куќа полна со стаорци и ѓубре.
За да стигнат до телото, форензичарите морале во заштитни одела да минат низ ѓубре од подот до таван, стаорци, мртви опосуми и човечки измет.
Властите проценуваат дека жената спиела покрај трупот меѓу две и пет години.
Како може некој да живее со леш пет години, а никој да не дознае?
A woman living in Geelong’s most affluent suburb was sleeping alongside her brother’s dead body for at least two years, possibly even five years, it can be revealed. 📍 Read more: https://t.co/NN2v0Nbnxg #theAdvertiser pic.twitter.com/vuCfJMq5Yq
— The Advertiser (@theTiser) February 19, 2024
„Постојано имаше смрдеа, но мислевме дека е од ѓубре“
Имено, соседите се жалеле до локалните власти за смрдеата која со години доаѓала од куќата, но ништо не било преземено.
Стратон вели дека соседите мислеле дека непријатниот мирис доаѓа од ѓубрето и дека смрдеата на ѓубрето веројатно ја маскирала смрдеата на телото што се распаѓа.
„Имаше постојана смрдеа, но мислевме дека е ѓубре. Ролетните секогаш беа спуштени. Настрешницата беше полна со ѓубре. Секаде можеше да се видат стаорци. Беше одвратно”, рекол Стратон.
Полицијата всушност дошла да провери во каква состојба е братот, кого никој не го видел од 2018 година, а потоа при претресот го пронашла неговото тело.
Постарата жена подоцна била ослободена без обвинение.
Судскиот лекар сè уште ја истражува причината за смртта на мажот.
Имотот сега е празен веќе една година.