Жена од Австралија во мејлот на партнерот пронашла снимки како ја силувал додека таа спие

Сподели со своите пријатели

Една жена од Мелбурн се најавила на е-поштата на нејзиниот вереник затоа што се посомневала дека тој ја изневерува, за потоа да најде снимка на која тој ја силувал додека спиела, изјавиле обвинителите пред Окружниот суд во Викторија.

Маж со кој била во врска повеќе од две години признал дека ја силувал седум пати и сексуално ја нападнал 21 пат без нејзино знаење, пренесува The Guardian.

Столарот и татко на две деца (34) во понеделникот се изјасни за виновен по три точки за сексуална злоупотреба и две точки за силување и ќе биде осуден како тежок сексуален престапник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Обвинителите рекоа пред окружниот суд дека жената открила девет пораки испратени помеѓу личните и работните мејлови на нејзиниот партнер, а секоја покажува дека тој сексуално ја нападнал додека таа спиела.

Некои од видеата кои жената ги пронашла биле кратки и траеле само неколку секунди. Едниот траел скоро 12 минути.

Таа пред судот изјави дека се чувствува повредена и згрозена од тоа што некој со кој била во врска ја изневерил.

„Немам идеја како во иднина да му верувам на некого во интимна врска“, рече таа. Рекла и дека е тажна поради нарушените односи со децата и целото семејство предизвикани од сексуалниот напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија и Пакистан потпишаа договор: Напад врз една земја е напад врз двете