Жена натепала вработена во ЈП „Куманово Паркинг“

Сподели со своите пријатели

Женско лице вчера физички нападнало вработена во депото на кумановската „пајак“ служба во ЈП „Куманово паркинг“.

Loading...

– На 29.02.2024 во 00.40 часот во СВР Куманово, В.И.(30), вработена во Јавно претпријатие „Куманово паркинг“, пријавила дека на работното место во депо на „пајак“ службата била физички нападната од едно женско лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски