Земјотрес со јачина од 6,3 степени во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала доцна во вторникот го погоди јужниот брег на островот Суматра, за кој индонезиската агенција за катастрофи сè уште не добила извештаи за штети или жртви.

Loading...

Земјотресот се случил во 21:31 часот по локално време (1431 по Гринич) со епицентар на 80 километри јужно од градот Мана во провинцијата Бенгкулу, на длабочина од 52 километри, соопшти Агенцијата за метеорологија и геофизика на земјата (БМКГ).

Мана се наоѓа на околу 600 километри северозападно од главниот град Џакарта. Жителите долж јужниот брег на Суматра го почувствувале потресот 2 до 6 секунди, поради што некои ги напуштиле своите домови, објави агенцијата за катастрофи БНПБ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, сеизмички активна зона, каде што се спојуваат различни плочи на земјината кора и создаваат голем број земјотреси и вулкани.

Во февруари, земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала уби повеќе од 10 луѓе кога го погоди внатрешноста во близина на западниот брег на Суматра.