Земјотрес од 7,1 степени го погоди јужниот дел на Пацификот

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на островите Кермадек во јужниот дел на Пацификот, соопшти американската геолошка служба USGS.

Најавено е дека засега нема опасност од цунами.

Ненаселените острови Кермадек припаѓаат на Нов Зеланд.

Се проценува дека земјотресот бил на длабочина од десет километри, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дрон погоди брод во Црното Море кај Романија, има жртви