Дрон погоди брод во Црното Море кај Романија, има жртви

Сподели со своите пријатели

Еден морнар загина, а тројца други се водат како исчезнати откако комерцијалниот брод „Хорив“, под знамето на Коморските Острови, наводно бил погоден од беспилотно летало и потонал во Црното Море, на околу 24 километри од романското пристаниште Констанца, објави денес Романската поморска администрација.

Од вкупно 13 членови на екипажот, меѓу кои имало 10 украински и тројца азербејџански државјани, девет морнари биле спасени, додека остатоците од еден член на екипажот биле извлечени од морето, објави Digi24.

Романските спасувачки служби започнале операција за пребарување откако добиле известување дека бродот е во неволја околу 10:00 часот наутро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција се подготвува за уште еден викенд протести, воведени се бројни ограничувања

Бродовите на Романската агенција за спасување животи на море и Министерството за внатрешни работи учествуваат во акцијата, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Поради неповолните временски услови и лошата видливост, спасувањето од воздух со хеликоптер не било можно.

Инцидентот се случил во контекст на интензивирање на нападите врз комерцијални бродови во западниот дел на Црното Море, според Digi24.

Според таа телевизија, сличен инцидент е забележан пред десет дена во близина на Сулина, кога беспилотни летала погодиле комерцијален брод што пловел под знамето на Коморските Острови.

Пензионираниот контраадмирал Сорин Лирси за Digi24 изјави дека ваквите напади вршат економски притисок врз осигурителниот пазар и влијаат врз романската трговија, особено на активноста во пристаништето Констанца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон се среќава со претставници на учениците за прв пат откако избувнаа протестите

Тој, исто така, укажа на потребата од подобра заштита на комерцијалните бродови од напади со беспилотни летала.