Земјотрес го погоди северниот дел на Чиле

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот регион на Тарапако во Чиле.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 118 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Националниот сеизмолошки центар на Чиле соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 37 километри североисточно од Калама, пренесе Ројтерс.

Хидрографската и океанографската служба на чилеанската морнарица соопшти дека нема услови за создавање цунами на чилеанскиот брег.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандија не е подготвена за потенцијална нова пандемија, оценија службите