ЗЕМЈОТРЕС ГИ ЗАТЕКНА ВО МЕТРО: Вагонот се тресе со сета сила – исплашени се држат за рака (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Уште една драматична снимка доаѓа од Мјанмар, кој утринава беше погоден од два разорни земјотреси.

Loading...

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Мјанмар, а потреси се почувствуваа во главниот град Најпидав и најголемиот град Јангон, како и во соседните земји – Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.

Како што јави Ксинхуа, неколку згради во регионот Мандалај се урнати, а бројни патишта меѓу Мандалај и Јангон се оштетени и отсечени.

Медиумите објавија дека потресите биле почувствувани и во Виентиан во Лаос, Бангкок и Ханој.

Во Виентиан се нишаа зградите со повеќе од три ката, како и во Бангкок, каде што многу луѓе беа евакуирани од високи згради.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Грција куќите почнаа да пукаат, но немаше земјотрес: Што всушност се случува?

Во Бангкок се урна 30-катница во изградба, при што едно лице загина, а 43 се водат како исчезнати.

По земјотресот, тајландската премиерка Фетонгтарн Шинаватра прогласи вонредна состојба во Бангкок и предупреди на можни последователни потреси во следните 24 часа.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мандалај во Мјанмар, на длабочина од 10 километри и на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, а земјотресот се случил утринава во 6 часот и 20 минути или 13 часот и 20 минути по локално време.

Loading...