Зеленски: Украина не мора со сила да ги врати сите територии, моќта на дипломатијата може да помогне

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не мора со сила да ги врати сите изгубени територии, туку дека моќта на дипломатијата може да помогне, додавајќи дека меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Русија да преговара за мир.

Loading...

„Мислам дека моќта на дипломатијата може да помогне. Со притисок врз Русија, мислам дека е можно да се постигне дипломатско решение“, рече Зеленски во интервју за Би-Би-Си.

Тој посочи дека смета оти Русија треба да присуствува на вториот самит за мир во Украина во ноември, откако претставници од Москва не беа присутни на самитот во Швајцарија што се одржа во јуни, пренесува Танјуг.

Зеленски, кој е претседател на Украина од 2019 година, исто така потврди дека планира да остане на позицијата шеф на државата до крајот на војната.

Тој им се заблагодари на сојузниците за поддршката, но истакна дека Киев се уште не добил борбени авиони Ф-16.

Се очекува Зеленски да се обрати на состанокот на британскиот кабинет денеска, што е првпат странски лидер да го стори тоа по поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 1997 година, јавува Би-Би-Си.

Украинскиот претседател во интервју изјави дека ќе биде тешко да се соработува со републиканскиот кандидат Доналд Трамп доколку биде избран за претседател на САД, но истакна дека е подготвен да соработува со кој и да стане претседател на САД.

Осврнувајќи се на изјавата на кандидатот на Трамп за потпретседател Џеј-Ди Венс дека „нему не му е грижа што ќе се случи со Украина“, Зеленски рече дека можеби на Венс не му е грижа за Украина, но дека Киев мора да продолжи да соработува со Вашингтон.

Loading...

Украинскиот претседател вчера учествуваше на состанокот на европската политичка заедница во Велика Британија, каде што одржа говор, а претходно се сретна и со британскиот премиер Кир Стармер, кој вети дека Велика Британија ќе и дава помош на Украина се додека е потребно и вети помош од три милијарди фунти.