Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и неговата таканаречена флота на танкери во сенка.
Loading...
„Овие мерки нанесуваат значителен удар врз финансиските основи на руската воена машина со нарушување на целиот синџир на снабдување“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.
Зеленски изрази благодарност за британските санкции наметнати на руските нафтени компании, велејќи дека Лондон „придонесува за поткопување на способноста на Путин да финансира агресија“.
„Ги цениме континуираните напори на Велика Британија да ги опструира операциите на руската флота во сенка, која останува клучен дел од нејзината трговија со нафта“, напиша тој.