Володимир Зеленски го разреши командантот на Обединетите сили на Украина, Едуард Москаљов. Не се знае дали ова е продолжение на антикорупциската чистка.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ненадејно го разреши највисокиот воен командант кој ги предводеше Здружените сили на Украина, генерал-мајор Едуард Москаљов.
Указот на Зеленски беше објавен во неделата, а причините за разрешувањето не се познати.
Генерал-мајор Москаљов беше назначен на таа функција во март минатата година. Здружените сили се ангажирани во борбите во регионот Донбас на истокот на земјата.
Зеленски не даде објаснување за новата промена во водечкиот воен штаб, па не се знае дали е поврзана со неодамнешната корупциска чистка во која беа разрешени високи функционери.
Володимир Зеленський звільнив Едуарда Москальова – Командувача об’єднаних сил.
Джерело – сайт Президента України. pic.twitter.com/nCjg0QIQA2
— ҐРУНТ (@grntmedia) February 26, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.