Зеленски: Преживеав шест атентати

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската разузнавачка служба спречила најмалку пет или шест обиди за атентат врз него, што ги спореди со пандемијата на Ковид, пренесува британски Сан.

Loading...

„Прво, луѓето не знаат што да прават со него и изгледа многу страшно. После тоа, тоа се само разузнавачки податоци во кои тие ги споделуваат деталите дека друга група дошла во Украина да го проба истото“, додаде Зеленски.

На првиот ден од руската инвазија, руските специјалци паднаа со падобран во Киев, наводно со намера да го убијат украинскиот претседател.

Западните власти потоа понудија да го изнесат Зеленски од главниот град, што тој го одби, велејќи дека му треба муниција, а не транспорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите тврдат дека го освоиле клучниот рударски град во Донбас: Но, изгледа како град на духови (ВИДЕО)

Зеленски додаде дека Русија има нов план за негово соборување од власта и дека Москва очекува тој да биде спроведен до крајот на годината.

Претседателот на Украина рече дека е запознаен со наводното име на операцијата – Мајдан 3 и дека е можно Москва овојпат да не планира атентат, туку потенцијално да употреби други методи.

„Не можам да разговарам со вас за специјалните операции на украинската разузнавачка служба или тајната служба или некои специјални сили. Има некои моменти за кои не разговараме. Не само во Русија, има работи за кои не разговараме за нашите привремено окупирани територии“, рече Зеленски на прашањето дали и како Киев одговорил на обидите за атентат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вели дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...