Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа објави дека му наредил на министерот за одбрана и на другите официјални лица да дадат точни информации во врска со испораките на воена помош, откако САД објавија дека ја прекинуваат помошта за Киев.
Зеленски во синоќешното видео обраќање додаде дека побарал од министерот, шефот на разузнавачката служба и дипломатите да контактираат со нивните американски колеги и да добијат официјални информации, пренесе Ројтерс.
Одржувањето на нормален однос на партнерство и конструктивна соработка со Америка е од клучно значење за завршување на војната.
Никој од нас не сака војната да трае бесконечно, рече тој.
Зеленски повторно изрази жалење за неговите остри зборови за време на неговата средба со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа минатата недела.
„Ние сè уште треба да најдеме сила да одиме напред, почитувајќи се едни со други, како што отсекогаш сме ја почитувале Америка“, рече украинскиот претставник.
Според него, Русија не го променила својот став кон Украина и по три години војна.
Ќе бараат да ја намалиме армијата, ќе бараат да се откажеме од нашите територии, посочи Зеленски, додавајќи дека во тоа нема да успеат ако сите во Украина бидат обединети.