Зеленски му го одзеде украинското државјанство на бизнисмен близок до Путин

Сподели со своите пријатели

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му го одзел украинското државјанство на богатиот бизнисмен Виктор Медведчук, близок соработник на Владимир Путин, кого Киев го обвинува за велепредавство во корист на Русија.

„Врз основа на документите подготвени од безбедносните служби и Државната миграциска служба, а во согласност со Уставот на нашата земја, решив да им го одземам државјанството на четири лица“, меѓу кои и Медведчук и уште тројца политичари.

Виктор Медведчук беше предаден на Русија во размена на затвореници меѓу Киев и Москва на крајот на септември 2022 година, откако помина повеќе од пет месеци во затвор во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски дизел пристигнува во САД: Танкер со 40.000 тони гориво го напушти Балтикот

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.