Зеленски ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од руското гранатирање на Киев и Запорожје и го повика светот да ги здружи силите за да го зголеми притисокот врз Русија и нејзините соучесници.

Loading...

„Непријателот утрото изврши балистички напад врз центарот на Киев. Има урнатини. Познато е дека загинале три лица, а тројца се ранети… Оштетени се станбени згради, метро станица, продавници, кафулиња и цивилна инфраструктура. Сите служби продолжуваат да ги елиминираат последиците од гранатирањето“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој истакна дека во нападот на Запорожје се повредени десет лица, а во тек е спасувачка операција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фицо најави мерки: Суспендирањето на гасот преку Украина ни наштети

„Секој кој ѝ помага на руската држава во оваа војна мора да биде под таков притисок што да се почувствува ни помалку ни повеќе од овие удари. Ова можеме да го направиме само во единство со целиот свет“, рече Зеленски.

Како што јави Укринформ, четири лица загинаа, а тројца се повредени во киевскиот кварт Шевченко како резултат на напад на руски балистички проектил.