Зеленски ја откри целта на нападот на Курск: На нашите момци им оди одлично

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека целта на пробивот во регионот Курск е да се создаде тампон зона за да се спречат понатамошни напади од Москва преку границата.

Loading...

За време на видео обраќањето во неделата, Зеленски за прв пат јасно ја кажа целта на операцијата, која беше започната на 6 август.

– Штотуку го добив извештајот на врховниот командант на вооружените сили Олександр Сирски за ситуацијата во регионот Курск и на истокот на Украина. Нашите момци одлично се снаоѓаат на сите фронтови – изјави Зеленски.

Тој претходно изјави дека целта на операцијата е да се заштити населението во пограничната област Суми од постојано гранатирање.

– Сега примарна задача во одбранбените операции е да се уништи што е можно повеќе руски воен потенцијал и да се изведат максимални контраофанзивни акции. Тоа вклучува создавање на тампон зона на територијата на агресорот – рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека има потреба од побрза испорака на залихи од Запад.

– Тоа го бараме, нема одмор во војната, потребни се одлуки и навремена логистика за најавените пакети помош – заклучи тој.