Зеленски: Иран зема крвави пари од Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Иран дека зема „крвни пари“ од Русија за дронови камикази користени од руските сили во смртоносните напади врз украинските градови, вклучително и Киев.

Loading...

Руската употреба на дронови во војната против Украина се интензивираше од летото, кога Москва, според тврдењата на САД и Киев, набавила беспилотни летала Шахед-136 од Иран.

И покрај доказите, Техеран негира дека и продавал дронови на Русија.

„Не му верувам на Иран“

„Не му верувам на раководството на Иран. Тие јавно го негираат сето ова, велат дека не ѝ продале ништо на Русија. Но, овде гледаме стотици напади со дронови. Во Украина, во Киев, гледаме напади врз цивилната инфраструктура, на училиштата, на универзитетите. Тие го уништуваат нашиот енергетски систем со нив“, рече Зеленски во интервју за канадската телевизија CTV.

Си-Ен-Ен неодамна објави, повикувајќи се на извори во разузнавачката заедница, дека Иран испраќа воен персонал на Крим за да ја обучи руската војска за употреба на дронови.

Портпаролот на иранската мисија во ОН рече: „Иран го отфрла тврдењето“.

Зеленски вели дека не му верува на Техеран: „Иран им ги испраќа тие дронови на Русите. Тоа им овозможува да убиваат Украинци. Тие склучија договор, се работи за пари. Крвавите пари што ги заработува Иран“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...