Зеленски го смени шефот на службата за безбедност во Харков: Мислеше само на себе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го посети Харков, што беше негово прво патување надвор од главниот град од почетокот на руската инвазија, рече дека градот претрпел страшни удари од окупаторите.

Loading...

„Црни, полууништени станбени згради свртени кон исток и север – од каде пукаше руската артилерија, од каде пристигнаа руски борбени авиони“, рече Зеленски.

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

„Русија веќе ја загуби не само битката за Харков, не само битката за Киев и северот на нашата земја. Таа ја изгуби сопствената иднина и сите културни врски со слободниот свет“, додаде тој.

Зеленски ги пофали властите во Харков, но рече: „За жал, не можам да го кажам истото за раководството на локалната безбедност“.

 

Loading...

ЕУ сѐ уште без договор за ембарго на руска нафта

 

Тој изјави дека го сменил шефот на регионалната служба за безбедност, кој „не работел на заштита на градот од првите денови на инвазијата, туку мислел само за себе лично“.

Зеленски рече дека „една третина од областа Харков сѐ уште е под окупација“. Дефинитивно ќе ја ослободиме целата територија“.

 

ЕУ сѐ уште без договор за ембарго на руска нафта

 

Осврнувајќи се на борбите во Донбас, Зеленски рече дека 90 отсто од становите во Северодоњецк се оштетени.

Loading...

„Окупирањето на Северодонецк е основна задача за окупаторскиот контингент. И не им е грижа колку животи ќе треба да бидат уништени за тој обид да се подигне руското знаме“, рече тој.