Зеленски би загубил од Залужни на изборите

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски би загубил на евентуалните претседателски избори во Украина од поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, кој, според интерната анкета, би добил поддршка од 65 отсто од гласачите, додека Зеленски би освоил 30 отсто од гласовите, објави Економист.

Loading...

Британскиот весник наведува дека многу Украинци се незадоволни од Зеленски, иако тој останува најпопуларниот актуелен политичар во Украина.

Изворите велат дека Зеленски, наместо да бара поширока поддршка, се повеќе се фокусира на своите најблиски поддржувачи.

„Никој не сака да му каже „не“ и тој прави грешки“, рече еден извор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Под притисок на Путин и Трамп, Зеленски го губи тлото под нозе

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави порака во која Зеленски го нарече „диктатор без избори“ и ја поддржа потребата од одржување избори во Украина.

Трамп тврди дека рејтингот на Зеленски е намален на четири отсто.

Според анкетата, спроведена во јануари, поддршката на Зеленски падна на 52 отсто, што е најниско ниво од почетокот на војната, кога тој имаше нешто помалку од 90 отсто поддршка.

Мандатот на Зеленски истече на 20 мај минатата година.

Loading...

Претседателските избори во Украина, кои требаше да се одржат во 2024 година, беа откажани поради воена состојба и општа мобилизација.

Зеленски изјави дека сега не е време за избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му понуди на Зеленски нов договор за минерали: „Престани да навредуваш и потпиши“