10.09.2019 09:45

Зеленчукот е важен за развој на децата

Facebook Twitter Google+

Децата треба да јадат зеленчук секој ден затоа што тоа е рудник на витамини, минерали и диетални влакна неопходни за нивниот развој, советуваат експертите.

Децата од втора до трета година имаат потреба од чаша зеленчук на ден со запремнина 250 дл. Во случај на зелен лиснат зеленчук, потребни се две такви чаши, а за деца на возраст меѓу четири и осум години, чаша и половина.

loading...

Девојчињата на возраст меѓу девет и 13 години треба да внесат две чаши, а момчињата на иста возраст, две и пол.

Количината на зеленчук варира и за девојчиња и момчиња на возраст меѓу 14 и 18 години. На девојчињата им се потребни две и пол чаши од оваа храна секој ден, а момчињата три.

Многу е важно изборот на зеленчук во текот на целата недела да биде разновиден. Во исто време, треба да се претстави темно зелена – брокула, зелка, спанаќ, зелена салата, но и портокалова – моркови, тикви.

Не треба да се исклучат и сувата леќа и зрнестиот зеленчук – пченка, грашок, грав, како и карфиол, целер, краставица, домати и тиквички.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments