”Зелена недела” во шест градинки на ЈУ ”Ангел Шајче” (галерија)

Сподели со своите пријатели

Под мотото ”Наше здравје – наше богатство”, денес во објектот ”Бубамара” при Јавната установа ”Ангел Шајче”, официјално беше отворен еднонеделниот проект по повод ”Зелена недела” на Европска Унија.

Loading...

Проектот ќе биде спроведен во сите шест градинки во Куманово во соработка со ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово.

Според Билјана Чунгурски, координатор на еко одбор при ЈУ ”Aнгел Шајче”, децата преку разни активности денес ги утврдуваа своите познавања стекнати во текот на целата година, изразено преко игровни активности, квиз и музичко подвижни игри.

Децата денес добија сертификати и еко боенки во кои ќе работат на теми поврзани со екологија и здрава животна средина.

 

 

Според Арменд Мехмети, координатор на ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово, денешниот проект се спроведува преку Инфо Точка при Делегација на ЕУ, со цел развивање на еко свест кај децата од најрана возраст.

Во текот на еднонеделниот проект, децата и нивните воспитувачи ќе творат на тема екологија и чување на животната средина.

Loading...

 

 

Поделените материјали со оглед дека објектот ”Бубамара” згрижува деца од разни националности, се испечатени на повеќе јазици.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.