Здравјето на Берлускони е подобро, но тој останува во болница

Сподели со своите пријатели

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е подобра, но тој ќе остане на одделението за интензивна нега, соопштија денеска од болницата во Милано каде што се лекува.

Loading...

Берлускони минатата среда беше примен во болница поради пневмонија, покрај леукемијата која претходно му беше дијагностицирана, пренесува Ројтерс.

„Во последните 72 часа тој постојано напредуваше, дишењето и состојбата на бубрезите му се подобруваат. Тој засега ќе остане на одделението за интензивна нега“, соопштија од болницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп заѕвони за отворањето на Њујоршката берза и на толпата вети економски бум