Заврши реконструкцијата на Подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Агино Село, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Како што посочи тој, во проектот е направена реконструкција на кровот, нова енергетско-ефикасна фасада, поставени се нови врати и прозорци, а извршена е и реконструкција на подните површини.
Целосно се реконструирани и тоалетите, а изградени се и санитарни јазли за деца со посебни потреби.
Поставена е нова ограда на дворот на училиштето, а поставена е и пристапна рампа за влезот од објектот, додаде градоначалникот Димитриевски.
Проетот го реализира Општина Куманово со изработка на основен проект од страна на ЈП „Куманово план“, а со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука.
Никола Ивановски