Заврши проектот за обука на персонални асистенти за лица со попреченост (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општинска организација Црвен крст од Куманово во рамките на проектот „Обука за персонални асистенти на лица со попреченост” кој е во завршниот модул, организираше посета и практична настава во Дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша”.

 

Loading...

 

Идните персонални асистенти својата професионалност и посветеност имаа можност да ја покажат на дело преку одличната комуникација и интеракција со лицата од Дневниот центар „Порака наша”.

 

 

– Целиот ден помина во одлична атмосфера преку дружење и креативни работилници благодарение на професионалците од дневниот центар како и мотивот и ентузијазмот кај идните персонални асистенти за работа со лица со попреченост, велат од Црвениот крст.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Loading...

 

На последениот ден од обуката, персоналните асистенти имаа можност да се запознаат и со Валентина Стефковска која е специјален едукатор на лица со попреченост во Националниот регионален иститут за социјални работници во Париз, која воедно одржа и предавање за професионалност во согласност со етички кодекс кон корисникот и размена на практични искуства за персонална асистенција на лица со попреченост во Франција.

Leave a Reply