Заврши годинешното издание на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“ (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Двасетина основци од Куманово заедно со штитениците на двата центри за лица со интелектуална попреченост изминатите четири дена твореа во рамките на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“.

Loading...

 

 

Станува збор за 13то издание на оваа културна манифестација која е во организација на Фондацијата за култура и спорт, а со поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Како што истакна директорот на Фондацијата, Марио Арангеловски, интересот за учество од страна на основците годинава бил голем.

– На наше големо изненадување имавме сериозен интерес од страна на учениците од основните општински училишта кои и се учесници на самиот детски ликовен камп. Поради тоа што неретко сме ограничени со средства за реализација на овој настан одлучивме да се пријават по двајца талентирани ученици од секое основно училиште, изјави Арангеловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

Loading...

 

Делата од годинешното издание, појаснува тој, заедно со минатогодишните, ќе бидат изложени есенва на биенална изложна.

– Наша идеја е истите дела да бидат ставени на аукција и средствата да бидат донирани во Порака наша или за некое дете ако во тој момент има нужна потреба, додава Арангеловски.

 

 

Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, смета дека ваквите ликовни кампови на површина вадат млади и нови таленти во областа на уметноста.

Loading...

– Моментално имаме многу учесници од основните училишта и двајца од средно стручно ликовно училиште од Скопје. Тоа се наши кумановци кои влијаат на техниките кои ги спроведуваат децата, разговараат со нив им укажуваат на некои работи. Добра работа на овие колонии е дружбата на децата, споделување на идеја, унапредување на нивните уметнички способности, дружбата на менторите кои споделуваат многу работи како може да се унапреди оваа колонија, изјави Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

 

 

Претседателката на Советот денеска заедно со секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски, на учесниците им врачија благодарници.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски