Продолжува пролетната реконструкција и асфалтирање на улиците низ приградските населби во Куманово.
Loading...
Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, завршено е асфалтирањето на улиците „320“, „324“ и „325“ во населбата Ајдучка Чешма.
За асфалтирањето на овие улици во оваа приградска населба од општинскиот буџет се одвоени над 5, 7 милиони денари.
Жителите на населбата со години бараа асфалтирање за подобра конекција со главните улици и поголема безбедност на пешаците.
Паралелно, во тек е реконструкција на патниот премин со железничка пруга во село Черкези.
Loading...
Реконструирана е и улицата „705“ во населбата Перо Чичо, а бекатон е поставен на улицата „Цар Самуил“.
Никола Ивановски