Затворени патишта и поставени бариери: Подготовки за преместување на телото на кралицата Елизабета

Сподели со своите пријатели

Откако во четвртокот почина кралицата Елизабета Втора, во Единбург започнуваат подготовките за преместување на нејзиното тело.

Loading...

Во Единбург ги затворија патиштата и подигнаа бариери.

Според британските медиуми, телото на кралицата Елизабета Втора утре ќе биде преместено од замокот Балморал, каде што починала, во палатата „Холирудхаус“ во Единбург.

После тоа, јавноста ќе може да го посети ковчегот на кралицата, кој ќе се наоѓа во црквата Св. Гилс, а потоа ќе отпатува за Лондон, се верува, во вторник.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.  

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон