ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ПОЗНАТИОТ НАУЧНИК: Земјата станува вжештена топка!

Сподели со своите пријатели

Генијалниот физичар Стивен Хокинг предупредува дека човековата раса ќе исчезне од лицето на Земјата и дека за помалку од 600 години ќе се претвори во вжештена огнена топка.

Физичарот подолго време со светот ги споделува своите мрачни прогнози, а сега објавува дека благодарение на самото човештво, Земјата ќе стане вжештена топка. До катастрофата како човечка раса ќе пристигнеме со забрзаниот раст на популацијата и се поголемите енергетски барања.

 

Loading...

 

Хокинг тврди дека луѓето мораат „храбро да чекорат таму каде досега никој не чекорел“, доколку сакаат да го продолжат видот во наредните милион години.

Хокинг по пат на видео врск асе јави на самитот „Tencent WE“ во Пекинг и апелираше на инвеститорите да го поддржат неговиот план за патување на најблиската ѕвезда надвор од нашиот сончев систем, во надеж дека таму ќе се пронајде планета која ќе пружи можности за формирање меѓуѕвездена цивлизација.

СТРАВИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 100 години луѓето ќе мора да ја напуштат Земјата (видео)

Најблискиот ѕвезден систем на Земјата е Алфа Кентаур, одалечен четири милијарди светлосни години. Научницит еверуваат дека во тоа соѕвездие би можеле да се наоѓаат егзопланети на кои потенцијално би можел да постои живот.

Хокинг веќе претходно ја поддржа „Брејктру Старшот“, проектот на милијардерот Јуриј Милнер кој сака да изработи минијатурни летала кои за „само“ дваесетина години би можеле да пристигнат до соседната ѕвезда.

– Со таков систем би можеле до Марс да стигнеме за помалку од еден час, а на Плутон за неколку дена, да го престигнеме Војаџер за помалку од недела дена, а Алфа Кентаур да го достигнеме за дваесетина години, вели Хокинг.

 

 

Директорот на компанијата, инаку поранешен лидер на истражувачкиот центар на НАСА, „Амес“, исто така се појави во Пекинг.

– Ако се биде како што треба, малку зад срединат ана овој век ќе имаме вистинска слика на планетата која би можела да го продолжи животот како орбитира околу најблиската ѕвезда, вели тој.