На руската телевизија се појави видео од двајца заробени британски доброволци.
Loading...
Шон Пинер и Ејден Аслин беа фатени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук.
Да потсетиме, Медведчук беше уапсен од Украинците минатата недела.
Многу лажни информации за војната во Украина: Како да знаете што е вистина, а што пропаганда?
Не е јасно колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат.
Утрово Украина објави и видео на кое Медведчук го моли Путин да го замени за борци од Мариупол.
Loading...
Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права.