Заработувале 56.000 евра годишно, а главно средство за работа им била селотејп лента

Сподели со своите пријатели

Архивските службеници во Овалниот кабинет на американскиот претседател Доналд Трамп, Соломон Ларти и Реџиналд Јанг извршувале најбесмислена работа во светот – со селотејп лента лепеле парчиња документи кои ги кинел Трамп.

– Минуваме низ многу искинта харјиа и ја составуваме во целина. Некогаш документите се искинати по средината, некогаш во мали парчиња како конфети. Тоа е како да сложувате сложувалка, навел Ларти во интервју за Политико.

Во САД чувањет на сите претседателски документи во архивата на Белата куќа се смета за законска обврска, а Трамп има необична навика да ги искине службените документи откако ќе ги прочита.

Мистеријата за вратоврската на Трамп: Најмоќниот човек на светот ја лепи со селотејп (фото)

Loading...

За да се излезе во пресрет администрацијата на Белата куќа, вработила некого кој ќе го „чисти нередот“, инаку Трамп би го прекршил законот.

– Со проѕирна селотејп лента ги лепиме сите искинати парчиња и кога документот ќе биде готов го предаваме на надредените. Обновените документи потоа одат во Националната архива каде адекватно се складираат, го објаснува Ларти својот работен ден и службената процедура за ракување со документи.

Ларти, кој наскоро ќе наполни 55 години, повеќе од 30 години работи како државен службеник, со годишна плата од скоро 56.000 долари, но досега никогаш не помислил дека работа ќе му иде да лепи искинати документи на претседателот.

Кога ќе се зголеми обемот на работа, бидеќи Трамп има обичај да ги искине меморандумите, белешките, писмата, поканите, но и останатите документи кои му минуваат низ рацете, Ларти добил помош од Реџиналд Јанг, аналитичар за управување со списи кои во администрацијата на Белата куќа е врботен повеќе од 20 години.

Со што располага автомобилот на Доналд Трамп? (видео)

Јанг во почетокот не верувал дека идната работа ќе му биде лепење на искинати документи. Како што рекол, за платата која ја прима, требало да работи далеку посериозна работа.

– Административниот систем во времето на Трамп, е чиста спротивност на она од времето на Барак Обама вели Јанг.

Во меѓувреме, Ларти и Јанг добиле изненадни откази, а иако од Белата куќа не сакал да ја коментираат навиката на Трамп за кинење на службената документација, тие двајцата тврдат дека еден сектор и натаму е задолжен за лепење на искинатите документи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто мажите не можат да ги изразат своите чувства исто како и жените?

Leave a Reply