Заработил милијарди долари, но нема кому да ги остави: Кој ќе ги „лапне“ парите на Хермес?

Сподели со своите пријатели

Николас Пуех, внук на основачот на „Хермес“, нема наследници и наводно планира своето богатство да го остави на својот поранешен градинар.

Loading...

Николас Пуех, внук на основачот на компанијата „Хермес“, нема деца, сам е, но има богатство проценето на 9 до 10 милијарди швајцарски франци, пишува „Еуроњуз“.

Со оглед на тоа дека има 80 години, главниот акционер на „Хермес“ планира своето наводно богатство да му го остави на поранешниот градинар, но прво треба да го посвои.

Се верува дека поседува меѓу 5 и 6 отсто од луксузниот француски бренд за кожа Хермес.

Тој сака да го остави своето богатство на поранешен градинар и мајстор (51) од скромно мароканско семејство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Неговото богатство се проценува на 9 до 10 милијарди швајцарски франци или меѓу 9,4 и 10,4 милијарди евра.

Пуе, кој живее во Вале, Швајцарија, наводно веќе презел чекори за прераспределба на своето богатство и ангажирал адвокати кои ќе му помогнат во процесот.

Проблемот настанал уште во 2011 година, кога веќе имал договор со фондацијата „Исократес“ за наследство.

Loading...

Тие за „Франс прес“ изјавија дека дури сега станале свесни за намерата на Пуех да го откаже договорот, а рекле и дека немаат никакви информации за „алтернативни аранжмани“.