Започнува 6. рунда преворови меѓу Израел и Либан

Сподели со своите пријатели

Шестата рунда преговори меѓу Израел и Либан започнува денес во Рим, објави „Тајмс оф Израел“.

Ова е првата средба откако двете земји потпишаа рамковен договор во Вашингтон минатиот месец.

Се очекува разговорите да се фокусираат на пилот-програма во која либанските вооружени сили ќе ја преземат контролата врз територијата што ја напушти израелската армија, со цел да се обезбеди разоружување на милитантната група Хезболах, поддржана од Иран.

Американска воена делегација се сретна со либанската армија во Бејрут претходно оваа недела за да разговара за спроведувањето на израелското повлекување.

Спогодбата, која Хезболах ја отфрли, не постави временска рамка за повлекувањето на Израел, а израелските претставници рекоа дека нивните сили ќе останат во безбедносна зона длабока 10 километри во Либан додека Хезболах не биде разоружан.