Започна реконструкцијата на кровот од Спортската сала во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со проект вреден 320.000 евра започна реконструкцијата на кровната конструкција на Спортската сала во Куманово која со години е во очајна состојба и е ругло на градот.

Loading...

Како што информираше денеска на прес конференција Владимир Арсовски од Општинската организација на СДСМ Куманово, Владата предводена од СДСМ се грижи за институциите во градот.

– Деновиве започна реконструкцијата на кровната конструкција на спортската сала во Куманово, што е прва фаза од целосна реконструкција на овој значаен спортски објект во градот. Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку проект на Свероисточниот плански регион (СИПР) во висина од 320.000 евра, изјави Арсовски.

 

 

Работите треба да завршат до крајот на септември.

Проектот предвидува најпрвин демонтажа на старата конструкција и поставување на нова.

Loading...

Вредноста на проектот изнесува 320.000 евра без ДДВ, во кој Општина Куманово има сопствено учество над 10.000 евра, а останатите средства од околу 310.000 евра се обезбедени од програмата на регионален развој за 2020 година, на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

– Проектот за реконструкцијата го изработи фирмата за проектирање „Геинг“, а реконструкцијата ќе ја врши компанијата „Изградба комерц“ од Скопје.Кровот на спортската сала се наоѓа во исклучително лоша состојба и со години протекува, поради што се направени и големи оштетувања во внатрешноста на објектот. Со замена на кровната конструкција ќе се создадат услови за доуредување и враќање на спортскиот живот во салата, изјави Арсовски.

 

 

Владата минатата година ја врати во владение спортската сала на Куманово и најави помош за нејзина реконструкција.

Спортската сала во Куманово има капацитет од 4.150 седишта,и изградена е во 1980 година.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply