Кумановските пожарникари бележат пет интервенции во изминатото деноноќие, а една нивните колеги од Старо Нагоричане.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интеревнција била на запелно ѓубре во селото Романовце. Четворица пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во период од 12:15 до 13:30 часот.
Сува трева и стрниште гореле во липковско Слупчане, каде двајца пожарникари интервенирале во период од 12:40 до 14:40 часот.
Третата исто така била во липковско, овој пат во селото Опае, каде горело стрниште. Двајца пожарникари интервенирале од 14:15 до 15:10 часот.
Третата интевенција повторно била во селото Романовце. Двајца пожарникари од 14:30 до 15:10 часот гаснеле запалено ѓубре.
Во текот на вечерните часови повторно имало пожар во истото село, овој пат гореле сува трева, стрниште и ѓубре. Интервенирале тројца пожарникари од 21:55 до 00:10 часот утринава.
Сува трева вчера горела и во селото Стрезовце при што интервенирале двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане од 10:25 до 12:00 часот.
Во моментов нема активни пожари во кумановско.
Никола Ивановски

