Започна пописот во Србија

Сподели со своите пријатели

Во Србија денеска почна пописот на населението, кој требаше да се одржи минатата година, но беше одложен за годинава поради пандемијата на корона вирусот.

Loading...

За пописот се ангажирани околу 15.000 попишувачи кои ќе спроведат анкетен лист со граѓани на територијата на цела држава за следниот месец.

Љиљана Ѓорѓевиќ од пописниот завод на Србија, објасни дека граѓаните лесно можат да го препознаат попишувачот кога ќе им тропне на врата, бидејќи тој е должен да носи лична карта околу вратот на чија предна страна има име и презиме, фотографија, матичен број, додека задната страна има овластување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија: Радев денеска му додели мандат на кандидатот за премиер Жељазков

„Доколку сакаат, граѓаните можат да ги запишат информациите од нивната идентификација и да се јават во нашиот Инфо центар и да проверат дали навистина е попишувачот“, рече Ѓорѓевиќ, раководител на Одделот за попис на населението во Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Таа посочи дека доколку попишувачот не најде никого на одредена адреса, по извесно време ќе се врати на истата.

Кога станува збор за времето кое граѓаните треба да го одвојат за да одговорат на сите прашања на попишувачите, Ѓорѓевиќ рече дека пополнувањето на прашалникот трае кратко, бидејќи целиот процес е дигитализиран.

„Дигитализацијата на пописот е исклучително важна бидејќи се воведени правилата за логичка контрола, што го забрзува целиот процес на пополнување на прашалникот“, рече Ѓорѓевиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицотакис го номинира Константинос Тасулас од Нова демократија за претседател на Грција

Таа објасни дека при пополнувањето нема да се поставуваат непотребни прашања, на пример, доколку испитаникот е помало дете, нема да се поставува прашање за стручно оспособување.

Loading...

Ѓорѓевиќ рече дека граѓаните се должни да одговараат на сите пописни прашања, но дека во согласност со Уставот, граѓанинот не мора да одговара на прашања за националност, вера, мајчин јазик и попреченост.

Според неа, попишувачот е должен да запише точно како што одговорил граѓанинот, дури и во случај кога граѓанинот не сака да се изрази за некое прашање.