20.04.2015 10:15

Започна интензивното санирање на јавните сообраќајници во Куманово


Неполни триесет дена ќе трае санирањето на јавните сообраќајници во градот оштетени од ниските температури и атмосферски влијанија во текот на зимата, соопшти денес Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

loading...

Санирањето на улиците и крпење на асфалтните дупки започна минатата недела преку проект на општината за која намена ќе бидат одделени вкупно 6 милиони денари и повеќе од 200 тона асфалтна база.

Летното крпење на улиците започна во градската централна зона и ќе се шири кон периферијата,  велат од општината, при што првин ќе се започне со главните сообраќајници во градот, т.е улицата Доне Божинов, ул. Гоце Делчев, бул. Трета Муб, Октомвриска Револуција, Народна Револуција,  а потоа ќе се премине кон понефреквентните улици.

Во втората фаза ќе бидат опфатени улиците Бајрам Шабани, Прозорска, улиците во нас. Карпош, т.е ул. 100 и 120, Братство – Единство, Б.И Гуне, Доктор Рибар, Жикица Јовановиќ – Шпанац и помали улици кои се пријавени како оштетени.

За асфалтирање и санирање на ударните дупки е задолжена приватната фирма ”КООП Инженеринг” со фирма подизведувач, како и Јавното Претпријатие ”Водовод”.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments