Започна гласањето во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

На сите 167 избирачки места во Куманово точно во 7 часот утринава стартуваше изборниот процес за седмиот избор на претседател на Македонија.

Loading...

Како што информираше Елизабета Стојковска, претседател на ОИК Куманово, право на глас имаат 93.364 граѓани.

И во општината Старо Нагоричане, сите 38 избирачки места се отворени навремено, информираше тамошниот претседател на ОИК Маријан Даиловски. Таму право на глас имаат 3.043 жители.

Во 7 часот, изборниот процес започна и на сите 36 избирачки места во Општина Липково, каде право на глас имаат 25.998 граѓани, информираше Ајше Демири, претседател на Општинската изборна комисија.

Никола Ивановски