Западен Брег: Израелската армија уби Палестинец во Хеброн

Сподели со своите пријатели

Израелските сили денеска убија Палестинец во градот Хеброн на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Loading...

Министерството соопшти дека Палестинецот Насим Абу Фуда (26) бил убиен во Хеброн, кој често бил центар на судири меѓу израелската армија и Палестинците.

Убиството се случи во време на растечко насилство на Западниот Брег и Ерусалим и во времето на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на регионот, јави Танјуг.

Израелската армија минатата недела нападна упориште на палестински милитанти во градот Џенин на Западниот Брег, при што уби девет лица, од кои повеќето милитанти, а Палестинците убија седум Израелци во еврејска населба во источен Ерусалим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на Дунав: 140 луѓе заробени на брод за крстарење поради зголеменото ниво на реката

Израелската армија уби 35 Палестинци од почетокот на овој месец, во текот на првите недели од владеењето на новата израелска крајнодесничарска влада, која најави дека ќе заземе цврст став против Палестинците и ќе ја забрза изградбата на израелски населби.