Киев по наредба од Лондон изврши напад на мерната станица за гас Сужа во областа Курск, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Имаме причина да веруваме дека насочувањето и таргетирањето на нападот беше извршено преку француски сателитски системи, а внесувањето на координатите и лансирањето беа извршени од британски специјалисти. Командата беше дадена од Лондон“, објави Захарова, како што јави агенцијата РИА.
„Ова се далеку од првите терористички акции на украинските сили против енергетската инфраструктура на Русија, откако на 18 март беше постигнат договор за забрана на гранатирање на такви објекти. Беа извршени напади на компании од индустријата за гас, станици за дистрибуција на електрична енергија, магацини за нафта, вклучително и оние кои припаѓаат на меѓународниот конзорциум за нафтоводи Касписки нафтоводи, во регионите Брјанск, Курск, Белгородск и Красногорск“, рече таа, оценувајќи дека тоа покажува дека Киев „не е способен“ да преговара.
Таа истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги поддржал меѓусебните ограничувања на ударите врз енергетските капацитети.
„Како што е познато, Зеленски јавно го поддржа мораториумот на нападите врз енергетските објекти во Русија и Украина, предложен од претседателите на Русија и САД, но не направи ништо за да го почитува. Она што се случи потврдува дека Киев нема политичка волја за мир. И натаму размислуваат за војна, одлучи се во ескалација на конфликтот и подготвени се на било какви напори како не би се завршила украинската криза, рече Захарова.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека денеска околу 10:20 часот по московско време, украинската армија со ракетен напад ХИМАРС ефикасно ја уништила ГИС станицата Сужа.