Руските дипломати се под огромен притисок и добиваат смртни закани, изјави денеска Марија Захарова, официјална претставничка на руското МНР.
Loading...
Во коментар за ТВ каналот Русија-24, таа истакна дека е важно секој дипломат „да ја живее судбината на својата земја“, пренесува агенцијата ТАСС.
„Кога се чини дека нема повеќе сила и не можете ни да замислите под каков притисок се нашите дипломати, се наоѓаат внатрешни ресурси. Тоа е искрен, вистински патриотизам“, рече Захарова.
Според неа, руските дипломати претрпеле голем број закани за насилни репресалии, а многумина биле подложени на такви мерки, пренесува Танјуг.