Захарова: Промените во германската влада не се важни за Русија

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека промените во германската влада не се важни за Русија, нагласувајќи дека Германија во последните години во голема мера го изгубила својот суверенитет, авторитет и улога на меѓународната сцена.

Loading...

– Нема причина да се очекува подобрување на односите меѓу Москва и Берлин, особено имајќи ги предвид бројните милитантни и русофобни изјави на германските политичари. Руско-германските односи се уништени речиси до темел веќе долго време, благодарение на напорите на владата на Олаф Шолц – истакна Захарова, одговарајќи на прашање за формирањето на нова влада во Германија, јави ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинескиот претседател денес оди во Русија, ќе биде на парадата на Путин

Таа додаде дека, иако постојат шпекулации за можни испораки на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина, постоењето на различни мислења меѓу сојузниците и партнерите на Германија може да го отежни донесувањето конечна одлука.

Таа, исто така, потсети на претходните испораки на германска воена опрема во Украина, наведувајќи дека, како борбените возила „Пума“ и тенковите „Леопард“, „Таурус“ „нема да го спаси украинскиот режим на претседателот (Владимир) Зеленски“.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вчера официјално го назначи Фридрих Мерц за нов германски канцелар, откако Мерц беше изгласан за таа позиција во Бундестагот и во вториот круг од гласањето.

За време на церемонијата во претседателската палата, Штајнмаер ги потврди и назначувањата на 17 министри во федералната влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма над Москва: Украинците извршија напад, аеродромите затворени; Светските лидери не можат да слетаат

Мерц е 10-ти канцелар на Сојузна Република Германија.