Захарова: Без помошта на Западот, режимот на Зеленски не би издржал ниту еден ден

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на прес-конференција го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека прави „сè што диктира Западот“ и со тоа „ги продолжува воените операции до последниот Украинец“.

Loading...

„Зеленски е подготвен да ги жртвува животите на своите граѓани се додека пристигнува финансиска и воена помош од Западот. Без неа, властите во Киев нема да издржат ниту еден ден“, рече таа.

Да потсетиме дека според анкетите на јавното мислење, огромното мнозинство Украинци го поддржуваат начинот на кој Зеленски ја води Украина од почетокот на руската инвазија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.